Од „Додека живеам“

/, Блесок бр. 57/Од „Додека живеам“

Од „Додека живеам“

I
II
III
V
VI
VII
VIII

Што мислам за
независноста,
ме праша тој
крај патот
и сè уште
прашува, иако
сè беше веднаш расчистено

требаше само миг
за страницата да закрепне
џунгла
од зборови да се крене, и
да прекрие, прекрие

во таа мисла
речениците се обмислени
тој го пика
микрофонот
в уста, без-
чувствително, во урнатините на

слободата, во кампот
каде истиот човек
сè уште живее,

тој оди
по истите
патеки како
порано, купува
исти
продукти, во миговно
лудило каприциозноста
блеска патот
води кон злосторничката
журка кон градина
каде сме
обврзани да го живееме
овој
омразен ден
кој
е подарок

кој
е подарок

АвторЈирки Киискинен
2018-08-21T17:21:14+00:00 декември 15th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 57|