Сите сме
еден јаглен,
дамнешен
влог на слеп
коцкар.
истата стара
дланка сè уште
работи, ги дели
картите, камењата
кои прилегаат во дланката,
а тој е оној кој ги реди
ѕвездите на небото,
слепите херои,
живите и мртвите,
животните во шумите,
очите во темнината,
птиците и машините,
да летаат во формации
изрекувајќи
судбина. твојата лично.
раката мора
да се одигра без мамење
но со малку
прикривање, мораш
да извлечеш сè
од своите карти,
неможното.
во умот ми расне
истиот корен
како на шумава,
мислата кружи
по истата патека
со планетите
кои патуваат
околу
сончевата
невидлива оска,
се вртам на страна
но ти секогаш ме следиш
веднаш зад петиците.