Од „Додека живеам“

/, Блесок бр. 57/Од „Додека живеам“

Од „Додека живеам“

I
II
III
V
VI
VII
VIII

Човекот си ја зема шапката од вратарот,
ги наоѓа клучевите од колата,

ова е судбината на воинот: желбата
за власт, барем врз себеси,

да заборави за миг, го граба воланот,
ја брани својата земја, сонува, премислува:

возење низ камен, одредување на
границите на ропството; менува брзина,

го забрзува пространството,
пејзажот нека тече непречено,

видикот се топи, бледнее
зад таблата и ветробранот.

Тој прави што сака, сплотува,
продира, роден е, умира, се чувствува

себеси вистинит, само нежен
притисок врз педалот и камената тежина

исчезнува, само мало скршнување
и може да се осети цврстината на столбот,

насекаде. Комата на суштината сврши,
предметите стануваат од своите гробови,

од длабочините на своите имиња, веќе нема
потреба од згрбавеност, шумата е бледа

зелена линија, нема потреба од капут,
колата е друга клима.
Нема потреба од телесна сила,
само сврти го клучот,

прозорецот е зелен каков што го сакаш,
твојот ум е само оваа лента.

АвторЈирки Киискинен
2018-08-21T17:21:14+00:00 декември 15th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 57|