Лазаринка

Лазаринка

Лазаринка
Месечината и тисата
Треска 103˚
Гласници
Габи
Раб

„Преку ноќ, доста
скрито, разборито,
доста кротко
со прстињата, носињата
ја навасуваме иловицата,
го заземаме воздухот.
Никој не нè гледа,
не нè запира, не издава;
зрнцата пат ни прават.
Меките шаки се ревни
да ги сметнат игличките,
постелата од лисје,
па и плочникот.
Чеканите, коловите наши
без очи и уши,
совршено немушти,
ги шират шуплините,
нураат низ празнините.
Се раниме со вода,
со ронки од сенка,
блуткави сме, бараме
малку или ништо.
Колку многу нè има!
Колку многу нè има!
Полици сме, трпези,
смерни сме,
јадливи сме,
пробивачи и риначи
наспроти нас самите.
Родот наш се множи:
Ние до утрината
ќе ја наследиме земјата.
На прагот ни е петата.“

АвторСилвија Плат
2018-08-21T17:21:59+00:00 јануари 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 18|