Видеото „Твојата отелотворена градина“ е едно од најновите дела кои доаѓаат од уметничката работилница на Олафур Елијасон. Во ова деветминутно дело, визуелно доведено до совршенство, уметникот мајсторски ги обработува своите постојани теми: перцепцијата, движењето и, неизоставно – времето. Станува збор за соработка настаната при патувањето на уметникот во кинеските градини Сужоу со писателот Ху Фанг и галеристот Жанг Веи, како и кореографот Стин Кернер.