ПОДАРОК-ПОГЛЕД
Нема ништо,
но секому може да
му подари барем поглед.
Колекционер е на смеи и офкања.
Окото ја смука околината како со банкнота
свиена во цевче, како мал дурбин без зум –
само за да си го стесни погледот,
да се фокусира на поединости, на детали.
Потоа еден гласен презир – најпрвин
кон себеси, потоа кон сиот зол свет.
Сонцето има безброј дланки кои
час галат, час шлаканичат.
Улицата заигра под нозете на децата.
Една девојка пропадна во шахтата
на неговите очи.
Дечки, не знам што да ви кажам! – рече.
Обидете се да го согледате светот од
мојот агол на боксерскиот ринг!