Project Description
Клод Фримен, Американец, дипломирал на Универзитетот Корнл во Итака, Њу Јорк. Започнал да патува кога имал осумнаесет и сè уште си ја нема задоволено потребата да го следи патот. Работи во разни делови на светот повеќе од дваесет и пет години, од кои седум години во Африка, пет во Азија, и повеќе од девет години на Балканот. Ги објавил збирките поезија „Архетипон“, „Источно и јужно од Западот“, и „Лутања низ античките земји“.
Речиси една година има живеено во Охрид, во периодот 1998-99, каде што ја напишал и најновата книга. По неколкуте преведени песни на македонски, поканет е да учествува на Струшките вечери на поезијата во 1999, и од тогаш е редовен посетител на оваа манифестација. Во 2001, во избор и превод на Игор Исаковски е објавена неговата избрана поезија на македонски Луд пес и чудни насоки.
Го сака Патот. И не се враќа назад.