Project Description
Чарлс Лем (1775-1834) се смета за еден од најголемите мајстори на англискиот есеј. Бил писател и есеист, најмногу познат по своите Есеи за Елија, како и по детската книга Приказни од Шекспир, која ја напишал заедно со својата сестра Мери Лем. Пишувал и песни, а бил и дел од книжевните кругови во Англија, заедно со Семјуел Тејлор Колриџ и Вилијам Вордсворт, со кои станал голем пријател. Неговиот биограф Е. В. Лукас го нарекува „човекот со најубавите особини во англиската литература“.