Бјанка Алајбеговиќ

//Бјанка Алајбеговиќ
Бјанка Алајбеговиќ 2023-03-14T14:29:26+00:00

Project Description

Бјанка Алајбеговиќ е родена во Сараево во 1983 година. Дипломирала на Катедрата за босански, хрватски и српски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Сараево. Го објавила стихозбирките Помеѓу двајца (2005) и Срцеви сатурналии (2019). Гостувала на бројни регионални поетски средби. Нејзините песни се преведени на унгарски, романски и германски јазик.

Објавува поезија и есеи во книжевни списанија и на порталите: Одјек, Нови израз, Сарајевске свеске, Зеничке свеске, Арс, Плима, Мотришта, Фрагмент, Еклава, Стране, Бона. Објавува книжевна критика како дел од проектот Женска читална. Нејзиното потесно поле на интерес е феминистичката епистемологија. Таа е членка на ПЕН Центарот на БиХ.

Related Articles