Скок во празнина

/, Галерија, Блесок бр. 20/Скок во празнина

Скок во празнина

Милански филмски фестивал, 2001

Годината 2000 дефинитивно го означи Миланскиот филмски фестивал како трагач за таленти и промотер на младите филмски работници низ цела Европа.
Преку пребарувањата за филмови низ целиот свет како и благодарение на растечкото учество на филмските работници, Фестивалот може да се смета како еден од најпретставителните фестивали кои ја нудат иновативната страна на младиот кинематографски свет.
Филмовите и авторите кои се презентираат секоја година, пристигнуваат на Фестивалот кршејќи бројни бариери: тие ги надминуваат географските и политичките граници на стотици земји и етнички групи, надминувајќи ги далечинските и јазичните разлики. Надминувајќи ја сиромаштијата на филмската продукција на својата земја или прекршувајќи ги филмските правила за жанрови, притоа тврдејќи дека сè уште недостасува продукцијата, тие превземаат ризични креативни акции користејќи иновативни формати, техники и јазици.
Кинематографијата што ја нуди Миланскиот филмски фестивал е креирана од своите автори. Така, тие се во можност да го изразат своето мислење преку нивната работа, како политички индивидуи, свесни за светот во кој живеат и учествуваат и кој е склон на промени. Тие се луѓе кои можат да го користат кинематографското значење за да ги предизвикаат и срушат правилата барем малку, вадејќи го нашето од површноста: во содржина, стил и продукција.
Во содржината тие бираат неконвенционални теми или раскажувачки конструкции.
Во стилот, тие се дистанцираат од признатите филмски клишеа како на индустриската, така и на независната кинематографија, експериментирајќи со нови јазици и техники.
Во продукцијата, тие не се задоволуваат со убаво спакувани филмови кои публиката лесно ќе ги прими и прифати. Наместо тоа, тие избираат нискобуџетни решенија за да се концентрираат на тоа што да кажат и зошто или подобро кажано, да се фокусираат на причините на правењето на филмот, отколку на значењето.

Промоција и дистрибуција: слободно уживање на филмот

Постои една уметност, филмот, а постои и публика која треба слободно да ужива во тоа. Значаен дел од активностите на Фестивалот се организирани врз оваа основа. Во прилог на ова, ние секоја година се трудиме да ја зголемиме публиката која нашите одбрани филмски работници ќе можат да ја опфатат.
Секоја година стотици интернационални гости и посетители, режисери, професионалци и студенти, се поканети да се придружат на Фестивалот и на неговите придружни настани. На тој начин публиката ќе ги запознае не само по нивните филмови, туку на личен и автентичен начин, на лице место со останатите режисери, да ги споделат своите уметнички мислења. Настани, интервјуа, неформални средби и паузи за кафе се организирани преку целата недела за да се поттикне размената на мислења.

Миланскиот филмски фестивал е промотор и алтернативен дистрибутер за сите филмови кои многу често се дистанцирани од киносалите и публиката заради начелата базирани на остварување на профит.
МФФ (Милански Филмски Фестивал) започнува некакви промотивни активности на интернационална основа преку целата година, за да промовира алтернативна дистрибуција: преку својот веб сајт, фестивалската циркулација во некои Европски градови и со МФФ веб телевизијата, која ќе ги прикажува во живо главните настани и филмови на Фестивалот.

Глобален настан и неговата публика

МФФ секогаш покажувал посебен интерес во одржување на широк ранг на пидружни настани кои се одржуваат за време на неговата недела. Тие се секогаш поврзани со високопрофилни интернационални уметнички настани, како и најбитните тематски прашања во светот.
Десетици настани: професионални работилници, специјални прикажувања, разговори и предавања со интернационалното жири, концерти во живо и забави ќе го придружуваат Фестивалот, додека фестивалскиот Центар со своите сервиси како просторот за уметнички инсталации, целовечерното кафуле со VJ-и и DJ-и, ќе ја забавуваат публиката, како и гостите во жива и неконвенционалната атмосфера.
Глобален настан кој соединува повеќе различни интереси и за време на кој отворена и љубопитна публика доаѓа да разменува идеи за филмот, како и за тематски прашања и културни теми.
На Миланскиот филмски фестивал, филмот наоѓа нови очи, рефлектирајќи се на себе, како и на остатокот од светот и неговата историја, повторно дискутирајќи за неговите вредности, притоа барајќи нови начини како тој да се управува.

MilanoFilmFestival
International Cinema Competition and Festival of Milan
6th annual
Teatro Strehler 17-23 September 2001
Salto nel vuoto
Leap into the void
_____________________________________

abstracts from regulations

shortfilms (deadline 4th June 2001)
Works of any genre, any format, any length and completed after January 1st 2000, can be submitted to the competition (please indicate A on the package)

feature films (deadline July 2nd 2001)
First or second works only, of any genre, any format, completed after January 1st 2000, exceeding 45 minutes, can be submitted to the competition (please indicate B on the package)

Send a VHS or a DVD, together with the complete application form to:
MilanoFilmFestival
Via Carroccio 12, I – 20123 Milan
full regulations and application form:
www.milanofilmfestival.it
more info:
tel/fax +39 0289421256
info@milanofilmfestival.it

АвторМФФ
2018-08-21T17:21:57+00:00 април 1st, 2001|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 20|