Избор

неспасеност
песната на женката
Трска која премногу мисли


Трска која премногу мисли


од сите идеи за мојата целисходност, таа најмногу ми се допадна

дека сум Трска (која мисли) додека еден поет – посовесен од

филозоф – рече дека јас сум попрво (света) Тревка и за да ја најдам таа моја

цел стоев мирно во мојата досада од трска

која се обиде да направи дрво од тревка планина и толку многу нурнав

што засекогаш си го искривив рбетот за да ја постигнам таа цел

предлабоко скокнав, не одмерив добро, па што

сега да правам, па како што, фати се за себе

па нишај се сама себе над својата

љубена длабочина а тоа

тоа што ја промаши тоа

и ти беше целта

а и тоа што почнаа

да ја населуваат цистички и нодули и полипи

и сè одеше напред-назад

исправи се наведни се неизвесно е

и на тоа

заблагодари

секогаш заблагодари за сè

(и не мисли)

АвторБјанка Алајбеговиќ
2023-03-17T05:08:02+00:00 март 15th, 2023|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 149|