Избор

неспасеност
песната на женката
Трска која премногу мисли


неспасеност


Од недостигање неспасеност Тоа е како болест

Какво нечуено бреме, каква незавршена работа

А што точно ми недостасува Како разговараме можеби Да

се жалам поради астролошкиот виор и фактот што не можам да ја отпуштам

траумата на мојата малечка јас и фактот што ти вешто ги држиш под контрола своите крајности

и фактот што јас не умеам При лишеноста од сè што е утешно, заглавено,

вистинска злосторничка А и најголемата мудрост е, велат, не бори се со Amor fati –

оти така додека губиш, всушност добиваш, А што ако губитниците се едноставно

оние кои не успеваат да ја доведат судбината на својата воденица А пред сè како си

АвторБјанка Алајбеговиќ
2023-03-17T05:08:02+00:00 март 15th, 2023|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 149|