Избор

неспасеност
песната на женката
Трска која премногу мисли


песната на женката


тоа кога сè најсвето и најнапнато се истури

кога прстите во гумена ракавица примариусот

ги пикна во менструалната јас ме потсети

дека прстите на мојот идеален читател не биле во мене

(единствените што јас ги сакав) и така самосожалувањето

ми го изми понижувањето и така мојата гордост и патос истече

со онаквата крв што остана по ходникот испружена

како млечен пат се влечкав како што само

женка може а живеев убедена

дека не сум женка и затоа од мене

искапа и светлината на онаа свеќата што ја гнездев

во градите со векови по препорака на оние најмудрите

(ја грееше вселената и ги осветлуваше невините) и остана само

за понекогаш под мене матна дамка од задавен јајник

како свеж непроѕирен восок како напомена дека никакви срамни

места веќе не препознавам, веќе никакво течење не претчувствам

АвторБјанка Алајбеговиќ
2023-03-17T05:08:02+00:00 март 15th, 2023|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 149|