Помина година и половина недни,
според чувството.
Неденот е ден кој не свршува.
Неденот е ден кој не брои часови
и во него часовите не важат.
Година и половина недни, значи,
во нив само тоа: година и половина.
Неденот ја симнува шапката
„Неден и пол,
мило ми е.“
и потоа
„Каде?“
„Дома. Изгледа.“
Неденот е секогаш дома
некаде
и оди некаде
меѓу тебе и мене
над тебе и мене
(постојано оди)
за себе за тебе и за мене. Секој ден
неденот си го зема секојдневието
„Каде?“
„Ваму-таму. Изгледа.“
Неденот е ден-ден,
ден, тргнат на страна
година и половина.