на Г.
Чинови и магии
Не ти се нужни
Со магичност да ме опчиниш
Со волшебен збор да ме потчиниш
Од мене прав од чувства да сочиниш
Па и в мир да починиш
И со тишина да го зачиниш
Она во тебе ке почне да дејани
А тоа најповеќе ти чини
Не знам збор што чини
Песна да ти начини.