на Ј.
Ги оставаш зборовите
да си се мешколат
во твоите дланки
ги допираш со срцето
додека пливкаат низ твоите води
и не знае никој што ги добива
дали се ноти или бои
очи или усни или
пораснати дождовни капки
од сончева љубов
и кој ужива повеќе
во древната детска игра
тие или ти