Човекот си ја зема шапката од вратарот,
ги наоѓа клучевите од колата,
ова е судбината на воинот: желбата
за власт, барем врз себеси,
да заборави за миг, го граба воланот,
ја брани својата земја, сонува, премислува:
возење низ камен, одредување на
границите на ропството; менува брзина,
го забрзува пространството,
пејзажот нека тече непречено,
видикот се топи, бледнее
зад таблата и ветробранот.
Тој прави што сака, сплотува,
продира, роден е, умира, се чувствува
себеси вистинит, само нежен
притисок врз педалот и камената тежина
исчезнува, само мало скршнување
и може да се осети цврстината на столбот,
насекаде. Комата на суштината сврши,
предметите стануваат од своите гробови,
од длабочините на своите имиња, веќе нема
потреба од згрбавеност, шумата е бледа
зелена линија, нема потреба од капут,
колата е друга клима.
Нема потреба од телесна сила,
само сврти го клучот,
прозорецот е зелен каков што го сакаш,
твојот ум е само оваа лента.