Падни пред моите нозе.
На земи, ти витко дрво
и надрасни ме.
Отвори ми ја вратата.
Навечер кога сум без очи
влегувам низ ѕид.
Да бидеме оган,
мислата собуена сака
да сме ѝ пепел.
Гневни води.
Тело, опушти се и заплови
крај рацете мои.
Доаѓаш в мрак.
Воздухот е брич
и твоите гради се рана.
Чезнешкум не застануваш
никаде. Нoќта
е полна со семе.
Цигара и усни.
Телото жешко
си игра со чадот.
Ти велам цвет
и ми свенуваш в преград.
Молк ко роса.
Здивот на твоите стапала.
Зад нив благо
пак тревата се крева.