Лазаринка

Лазаринка

Лазаринка
Месечината и тисата
Треска 103˚
Гласници
Габи
Раб

Жената е осовршена.
Мртвото ѝ

тело задоволна насмевка носи,
привид на грчка нужност

во фалтите од тогата се вее,
босите ѝ

нозе небаре велат:
дотука стасавме, свршено е.

Секое мртво дете – клопче, змија бела,
по една на секое

грне со млеко, сега празно.
Си ги здиплила таа

нив в тело ко латици
од ружа кога дворот

се вкочанува и крв-опој шика
од слатки, длабоки грла на ноќен цвет.

Месечината нема зошто да жали,
зјапа од под својот коскен превез.

За неа не е ова ништо ново.
Црнилата ѝ бујат и се тегнат.

АвторСилвија Плат
2018-08-21T17:21:59+00:00 јануари 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 18|