Еден обичен прометеј го сонува
џиновскиот хардвер на олимп во
црниот дроб на еден обичен
прометеј се развива културата
на некоја потенцијална смрт
Олимп со сите свои богови и
автомобили на соларен погон
му е туѓ на еден обичен
прометеј од градот
Во секој автобус што доаѓа од
олимп се оковува по еден
прометеј во чест на
милиони нови пронајдоци