Зеницата ми се шири…

/, Блесок бр. 21/Зеницата ми се шири…

Зеницата ми се шири…

Зеницата ми се шири
Коњанику мраку
Ги отфрлам
… Прометеј …
Програмските шеми на моите бранувања

Програмските шеми на моите бранувања
соодветствуваат со рака што се движи
најпрвин праволиниски а потоа вибрира
со стотици херци од тоа имам
чувство дека нешто се случува
и во тоа е користа на таа рака
што се движи најпрвин праволиниски
потоа хармонично па совршено
и на крај некого ќе го помилува

АвторИвица Антески
2018-08-21T17:21:55+00:00 јуни 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 21|