Зеницата ми се шири…

/, Блесок бр. 21/Зеницата ми се шири…

Зеницата ми се шири…

Зеницата ми се шири
Коњанику мраку
Ги отфрлам
… Прометеј …
Програмските шеми на моите бранувања

Коњанику мраку
постојат некаде двајца морнари што
не веруваат во постоењето на
морето јавај коњанику
мраку постојат двајца жители
на една пустина што не можат
да докажат дека постојат
пустини мраку коњанику
постојат некаде две птици што
не знаат да измислат збор
што ќе значи небо коњанику
јавај мраку
постојат моите клетки што
не умеат дефинираат
мене коњанику мраку

АвторИвица Антески
2018-08-21T17:21:55+00:00 јуни 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 21|