Зеницата ми се шири…

/, Блесок бр. 21/Зеницата ми се шири…

Зеницата ми се шири…

Зеницата ми се шири
Коњанику мраку
Ги отфрлам
… Прометеј …
Програмските шеми на моите бранувања

Ги отфрлам со движење на очите обвинувањата
дека земјата е тркалезна и дека деноноќно
се врти

Причината за вртењето дење веројатно ми
е позната но не ја прифаќам идејата дека
и ноќе таа потајум се поместува задржувајќи
си ги истиот радиус и истиот сребрен
меч украсен со живи птици

Ги отфрлам со удар на штит сомневањата
дека можеби сончевиот систем и
е подреден на човековата суетност

Суетноста ја сфаќам и и ги насетувам
ветровите со своето едро но не
разбирам како не се сфаќа дека таа
е всушност премалечка за да биде
над поредокот на сончевиот
систем

АвторИвица Антески
2018-08-21T17:21:55+00:00 јуни 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 21|