Том, те чекаме…

/, Звук, Блесок бр. 69/Том, те чекаме…

Том, те чекаме…

Тom, We Are Waitsing… (23 мин., 2009)

#1 „Том, те чекаме“ е краток аматерски филм на Марина Аврамовиќ, студентка на Филолошкиот факултет и Јана Коцевска, студентка на Институтот за етнологија и антропологија, двете од Скопје. Направен е наменски, со сопствени средства, по повод одбележувањето на 60-тиот роденден на познатиот американски музичар и актер. Во него со свои изјави учествуваат повеќемина почитувачи на Вејтс – писатели, сликари, водители, новинари, професори – кои зборуваат за сопственото доживување на неговата музика, за тоа кога прв пат чуле за него или кој е нивниот омилен албум. Ексклузивно во филмот е вклучена и аудио снимка која пред десетина години Вејтс ја има оставено на телефонска секретарка кај режисерот Милчо Манчевски. Насловот на филмот е всушност повратна порака до Вејтс – да ни дојде во Скопје!

Тим:
Марина Аврамовиќ – камера и монтажа
Јана Коцевска – асистент на монтажа
Илина Јакимовска – идеја

2018-08-21T17:21:04+00:00 декември 21st, 2009|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 69|