Профилот на Соња
кога спие настрана
на креветот послан од
Вазарели
додека ѝ дувам в очи
и ѝ удирам по чинелата
на увото
додека ја отворам вратата
на шина
(која ги гази нејзините
чорапи со цветчиња)
за да го спуштам сонцето
да ѝ го зголеми хлорофилот
во очите
додека ѝ го одзатнувам носот
со мирисот од четирите јајца
на око
(се пржат на тивок оган
покриени со мерак и капак)
е совршено правилен и мирен
некој недофатлив благ спокој
гушнат од веѓите ѝ ги спојува
усните
само будала би можел да ја
разбуди