Почнете без мене

/, Блесок бр. 29/Почнете без мене

Почнете без мене

По Новата година
Печалбарска
Будала
Повторно сам
Да не читаш весници би било страшна работа
Почнете без мене
Кревет

Како прво би си го расипал појадокот
би можел да пропуштиш некоја од оние
ТВ емисии што го менуваат животот
веројатно би излегол од дома во облека
што не е на списокот на метеоролозите
на работа би стигнал тотално неподготвен
и не би можел да се вклучиш во муабетот
би можел да пропуштиш смрт на некој познат
или не дај боже некакво сезонско намаление
би пропуштил да научиш нешто ново од
крстозборите
да не читаш весници би било страшна работа
не би имал што да постелеш на патос кога молерите
ги презентираат своите циркуски вештини
на клозетска шолја би умирал од досада
(сигурно лошо би се одразило и врз бракот)
твојата аполитичност би станала апсурдна
не би можел веќе да се однесуваш кон славните
холивудски ѕвезди како кон свои роднини или соседи
не би заштедил ни којзнае колку пари иако тоа
не е баш занемарлива ставка во семејниот буџет
ако не читаш весници сигурно би гледал телевизија
а со телевизорот (во не дај боже) сигурно не би
можел да си го избришеш газот

АвторЈовица Ивановски
2018-08-21T17:21:45+00:00 ноември 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 29|