Почнете без мене

/, Блесок бр. 29/Почнете без мене

Почнете без мене

По Новата година
Печалбарска
Будала
Повторно сам
Да не читаш весници би било страшна работа
Почнете без мене
Кревет

Во него првиот плач и последната воздишка
првото стенкање и последната ерекција

меѓу мајчината постелица и семејната гробница
тој е наша главна меѓустаница

проверува дали сме ги измиле забите пред
да го гушнеме
дали ни се чисти нозете или пак ќе го
задушиме

(а ние во карирани униформи за сонување
легнуваме легнуваме легнуваме)

знае на која страна спиеме како дупиме
кога ’рчиме

ни ја знае тежината подобро од вага
облините подобро од нашата драга

качени на него патуваме околу светот
јавајќи го на јавето му го ебеме векот

меѓу првата мочка и последната гуска
меѓу првата лига и последната семка

се простира господинот кревет
долг цел еден живот

АвторЈовица Ивановски
2018-08-21T17:21:45+00:00 ноември 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 29|