Поезија – Зоран Анчевски

/, Литература, Блесок бр. 124/Поезија – Зоран Анчевски

Поезија – Зоран Анчевски

1
2
Магла
4
5
6
Привид
Последниот поход
Поплака на стариот воин
Доаѓања – заминувања?


Од Небесна пантомима, Скопје: Темплум, 2018

Anabasis
„Светот треба да се роди под твоите стапки“.
                                                                                -Според Сен Џон Перс

 

1.

Прашумата се простира како поле со привиди.
Во воздухот се одигруваат сложени небесни пантомими.
Врз водените лавиринти се спушта молитвен пој
небаре свилена копрена над огнен хибискус.
Се постила ко бистра пот врз плеќите на бродарот од џунката
и врз жилавото тело на жедниот банјан со илјада прсти.

Пловиме по лавиринт од зелени олтари,
врз килим од сини водени зумбули и цветни архипелази,
ја откриваме тежината на големите стравови и заблуди
додека петиците ни ја пеат сета тишина на светот
скриена во древното братство на дрвјата,
вгнездена во начулените уши, раширени ко дланки.

Откршените залаци ноќ сè уште глувеат во тревите
и се мешаат со млеко што капе од распукани кокоси.
Овде и мостовите тивко пловат заедно со луѓето.
Дишиме туѓ воздух со мирис на беда и убавина,
оддалеку се слуша нежен баритон потонат во мантра
што допира до нас како ехо од секој џеб на џунглата.

АвторЗоран Анчевски
ПреводЗоран Анчевски
2019-04-16T10:33:39+00:00 март 30th, 2019|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 124|Tags: |