СЕТО ВРЕМЕ Е СЕГА

СЕТО ВРЕМЕ Е СЕГА

Но, космологијата е чудна ѕверка. Од една страна, таа еволуирала во зрела наука, комплетирана со набљудувања, анализа на податоци и нумерички методи, а од друга страна, содржи филозофски претпоставки кои не се секогаш научни. Токму тие истите го преокупираат и визуелниот и когнитивен ум на Симон Шемов. Тие, филозофските проблеми отсекогаш играле важна улога во космологијата; на пример, дали сме сместени во центарот на Универзумот или не, и, дури и во најраните денови на Ајнштајн, дали Универзумот е статичен или еволуира? Дали има само еден универзум? Секакоконзистентноста на еден модел не исклучува алтернативни модели. Што може да ни каже статистичка анализа со само една податочна точка? Што е забележливо? Поради постоењето на хоризонти, Универзумот се набљудува само на или во рамките на нашиот минат светлосен конус. Типично прашање во космологијата е: Зошто Универзумот е толку мазен? Дали соодветното објаснување мора да биде во смисла на „генеричност“ (на можните почетни услови), или дали посебноста може да доведе до можно објаснување? Одредени прашања иницираат разновидни дијалектики и дисциплини: Кое е потеклото на универзумот? Која е нејзината прва причина (ако има)? Дали е неопходно неговото постоење? (монизам, пантеизам, еманација и креационизам); Кои се крајните материјални компоненти на универзумот? (механизам, динамика, хиломорфизам, атомизам);

Која е крајната причина (ако има) за постоењето на универзумот? Дали космосот има цел? (телеологија); Дали постоењето на свеста има улога во постоењето на реалноста? Како го знаеме она што го знаеме за севкупноста на космосот? Дали космолошкото расудување открива метафизички вистини? (епистемологија)…Секако, како конкретно-апстрактен (научно-филозофски) простор универзумот и неговото разбирање даваат многу начини на гледање и интерпретација, и навлегување во неговите пори резултира кај Шемов со последниот циклус дела, цртежи, слики, инсталации-објекти „Мултиверзум“ каде авторот ги поставува истиве горе споменати дискурси.

Низ делата на Шемов светот (Гр. Космос) треба да се сфати како комплекс на сите оние нешта што може да се согледаат или се согледуваат од нас. Ако го осознаваме преку сетилата, може да го наречеме и „разумен свет“ (mondo sensibile, monde sensible, Sinnenvelt); а бидејќи е конституиран од телесни нешта, може и да го нарекуваме„телесен свет“. Без оглед дали телата се неживи тела или живи суштества (кои содржат и душа) тие поседуваат четири карактеристики и тоа: проширување, активност, простор и време. На овој начин се одредува „содржината“ на универзумот која само се гледа од различна перспектива (како паралелни светови, како што дава предлог и иницира дискусија и Шемов во своите дела): во Космосот или/и на Земјата.[5]

Сите горенаведени прашања сочинуваат единствен проблем кој се нарекува космолошки проблем или прашање за светот; ваквото прашање е генерално дел од прашањето за реалноста, која ги разгледува светот, човекот и Бога (креаторот) и во оваа тријада се движи и интересот на Шемов, кој во неговите ликовни дела со едноставен ликовен јазик ја истражува Големата експлозија, Супер Новата, Универзумите, Мултиверзумите, Галаксиите, Црните дупки, темната материја, темните енергии, честичките од кои се состојат телата и материјата, екстензијата, просторноста, светлината, брзината, движењето итн.

И како да не се подзапрашаш за релативноста на сите нешта кои мислиме дека ги знаеме (научени или искусени) кога теоретскиот астрофизичар Дејвид Н. Спергел ја опиша космологијата како „историска наука“ бидејќи „кога гледаме во вселената, гледаме назад во времето“ поради конечната природа на брзината на светлината.[6] Дали говориме за паралелни светови, за сон, за проекција, што е ова што го сведочиме како реалност од денешна перспектива. Тие замрсени јазли за Шемов се суштински, а на сето тоа одејќи од општото, од сештото, од комплексното , тој извлекува и аналогии во мистичното, и надприродното, метафизичкото, религиозното, но и во традицијата која на разновидни начини се преклопува со космологијата, преку нејзините диверзни астро/физички, религиозни или митолошки, филозофски, историски перспективи на разгледување на потеклото на Универзумот.

И последната точка од тријадата – човекот, како една навидум и димензионално минорна единка во бескрајниот Универзум, се смета себе си за супериорно суштество, придонесувајќи, за жал, (егоцентрично и капиталистички ориентирано) кон се пореалниот дебрис на еколошките системи и рамнотежата на Земјата, но и пошироко. Маркус Аврелиј за местото на човекот во тој тријаден сооднос ќе напише: „Кој не знае што е светот, не знае каде е, а кој не знае за каква цел постои светот, не знае кој е тој, ниту каков е светот“.[7]


[5]Dominador N. Marcaida, Jr.“COSMOLOGY(Philosophy of Nature)”. (Translated from the Latin book of Di Napoli, Joannes: Manuale Philosophiae ad usum Seminarium, Liber I, “Introductio Generalis – Logica

– Cosmologia,” Marietti Editori Ltd.: Rome, Italy, 1953). August 1997. 1-2. (98) Cosmology | Dominador N Marcaida Jr. – Academia.edu [accessed 26.7.2023].

[6]Spergel, David N.  “Cosmology Today”Daedalus (2014)14 (4): 125–133. doi:10.1162/DAED_a_00312S2CID 57568214.

[7]The Project Gutenberg eBook of The Thoughts of The Emperor Marcus Aurelius Antoninus, by George Long.[accessed on 26.7.2023]

АвторАна Франговска
2023-10-01T12:34:53+00:00 септември 9th, 2023|Categories: Изложба, Галерија, Блесок бр. 151|