Тука блиску и се отвора вратата. Храм е
покрај патот, цвеќе на паркингот
на Пентагон, и вели „Погледни,
слушај. Диши.“ Со мелодија
ги прекинува меѓународните линии.
Во сообраќајниот метеж, излегува
и танцува на мостот. Кога големите луѓе
ќе ги понесе славата тие забораваат
вака суштински да дишат
и умираат во својата златна школка.
Кога караваните ги минуваат пустините
тајното азно е скриено под дијамантите.
Понекогаш нè преземаат командантите,
сакаат да ни го наметнат својот свет,
како да се успее со ситни калкулации
тој леб не можам да го јадам.