Вилијам Стафорд

/Вилијам Стафорд
Вилијам Стафорд 2018-08-21T17:17:53+00:00

Project Description

Вилијам Стафорд е роден во Хачинсон, Канзас, во 1914 година. Дипломирал и магистрирал на Универзитетот на Канзас во Лоренс, а во 1954 година докоторирал на Универзитетот во Ајова. За време на Втората светска војна, Стафорд бил совесен противник на војната и работел во цивилни кампови – искуство што го забележал во своите прозни мемоари Down My Heart (Во моето срце, 1947). Се оженил со Дороти Хоуп Франц во 1944 година. Имаат четири деца.
Во 1948 година, Стафорд се преселил во Орегон за да предава на Колеџот Луис и Кларк. Иако патувал и ги читал своите дела насекаде, до пензионирањето во 1980 година останал да предава на истиот колеџ. Неговата прва поголем збирка на поезија, Travelling Through the Dark (Патување низ темнината), е објавена која Стафорд имал четириест и осум години. Во 1963 година, ја добива националната книжевна награда на САД. После неа, објавува повеќе од шеесет и пет книги поезија и проза. Некои од наградите што ги добил се Меморијалната награда на Шели, Гугенхајмова стипендија, и Наградата за животно дело за поезија на Западните држави. Во 1970 година, бил Консултант за поезија на библиотеката на американскиот Конгрес (позиција што сега се вика Поет Лауреат).
Песните на Стафорд често се лажно едноставни. Меѓутоа, како и песните на Роберт Фрост, тие откриваат една јасна и комплексна визија откако повнимателно ќе се погледнат. Џејмс Дики, пишувајќи ја својата книга Babel to Byzantium (Бабел до Византија), забележува дека „природниот говор на Стафорд е благо, мистично, полу-потсмешливо и многу лично фантазирање за западниот дел на Америка.“ Некои од неговите најпознати книги се The Rescued Year (Спасената година, 1966), Stories That Could Be True: New and Collected Poems (Приказни што би можеле да бидат вистинити: Нови и собрани песни, 1977), Writing the Australian Crawl: Views on the Writer’s Vocation (Запушување на австралиското влечење: Погледи на професијата писател, 1978), и An Oregon Message (Порака од Орегон, 1987). Вилијам Стафорд почина во својот дом на езерото Освего, во Орегон, на 28 август, 1993 година.

Related Articles