Како се случија овие зборови

/, Литература, Блесок бр. 147/Како се случија овие зборови

Како се случија овие зборови

Да
Прашај ме
Се викам Вилијам Тел
За моите млади пријатели што се плашат
Како се случија овие зборови
Поезија


Во мрачните зимски саати, дур’ другите
спијат, го најдов зборовиве и ги
составив оти беа гладни и жедни
еден за друг. Во тишина се туркаа. Си
ги разменија значењата како да имаат само по едно.

Никогаш несонувани монструозни сојузи
направија. Понекогаш губеа. Сепак, на овој свет
нема да се разделат веќе. Заедно
се. Верноста нивна ниедна
цел или намера не може да ја скрши.

И сета оваа магија на зборовите
во тие мрачни саати дур’ другите спијат.

АвторВилијам Стафорд
2022-11-06T12:09:31+00:00 октомври 30th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 147|