Како се случија овие зборови

/, Литература, Блесок бр. 147/Како се случија овие зборови

Како се случија овие зборови

Да
Прашај ме
Се викам Вилијам Тел
За моите млади пријатели што се плашат
Како се случија овие зборови
Поезија


Еднаш, кога реката ќе стане мраз, прашај ме
за грешките што ги сторив. Прашај ме дали
она што го сторив е мојот живот. На некој
бавен начин другите ми влегоа во
мислите, некои пробаа да ми помогнат
некои да ме повредат: прашај ме што ми сториле
нивната најсилна љубов, најголема омраза.
Ќе те сослушам.
Јас и ти ќе се свртиме и ќе ја гледаме
тивката река и ќе чекаме. Знаеме
дека струјата е таму, скриена; од
далеку има многу доаѓања и заминувања
што ја држат тишината токму пред нас.
Ќе ти го кажам она што ќе го каже реката.

АвторВилијам Стафорд
2022-11-06T12:09:31+00:00 октомври 30th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 147|