Приказна за апсурдот
На само 17-тина страници тече оваа приказна на апсурдот. Тече навидум едноставно, вообичаено, дури банално. За вообичаеноста да заврши во уметниковото крешчендо сосредоточено врз распеќата на човековата егзистенција, на фаталноста на однапред сè определеното, на ужасот на оутѓеноста, на самотијата, на себичноста. Со доведување на сите овие состојби на духот, авторот всушност до апсурд го отвора она што доаѓа по него – идниот живот никнат врз пеколот на претходниот. Навистина се само 17-тина страници. Но се читаат како 70-тина, како 700-тини. Долго, тешко, суморно. По нив, едноставно, останува неспокојот…
(„Пулс“, 14.11.1996)