Казанот наречен Скопје

/, Литература, Блесок бр. 33/Казанот наречен Скопје

Казанот наречен Скопје

Царство на носталгичарите
Град подигнат – во творбите
Граѓанинот наречен (стар) Скопјанец
Котел одново

#9 Скапо платените „цехови“ и онака се видливи на секој чекор: во овој непропорционално израснат, неиндивидуализиран град што сè уште функционира по колективните принципи на социјалните, статусни, стручни, политички или етничките собирања и форми на социјализацијата што почиваат врз менталитетот или логиката „на средсело“. На духот на руралитетот и колективитетот. А, градот, за разлика од селото е имено сложен и хармонизиран склоп на – индивидуи. Барем оној во европската смисла на зборот.
За разлика од тоа, Скопје е сè уште и одново еден балкански зовриен казан. Полн со живост, со различни луѓе, со двојство од култури, со национална палета, но и со етнички дебаланси, раздвижен вдолж и напреку, динамичен и отворен, полн со проблеми и спротивности, понекогаш напрегнат до препукнување, друг пат прекрасен од шареноликост. Некогаш неизвесен до експлодирање, а на пати прозрачен и полн со обични, благородни, човечки сни.
Скопје е една носталгичка неизвесност, една дијахрониска фикција, со која превриваме во реалниот котел на времињата.

2018-08-21T17:21:40+00:00 август 1st, 2003|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 33|