кон изложбата на Димитар Пандилов

/, Блесок бр. 10-11, Галерија/кон изложбата на Димитар Пандилов

кон изложбата на Димитар Пандилов

Викторија Васева Димеска
Цветан Грозданов
Елена Мацан Чукиќ
Борис Петковски
Соња Абаџиева – Димитрова
Самостојни изложби

#5 Ненадејната средба со Димитар Пандилов во мајското претпладне наситено со арома на липите крај ул. „Орце Николов“ остана незавршена. Сликарот на мали човечки радости, тивкиот шепот на луѓето од приградските населби и осамените вагонетки на пероните го илустрираше епот од Прличев за Кузмана. Пандилов мислеше дека е завршена неговата одисеја на селидби, прогони, немаштина и печалбарење од ден за ден, мислеше дека отпочнува неговиот нов уметнички живот со работен ден од раните утрини до доцните ноќи во ателјето. Се лутеше на телевизиските камери што ги овековечуваа 40-годишните напори на лента, зашто внесуваа немир во неговиот толку хармоничен дом, во неговото прво ателје. И се радуваше зашто ретко кога средствата за публицитет посредуваа меѓу неговите дела и љубителите на уметноста.
… Првиот чекор на Пандилов во сликарството не мина во дилема меѓу традиционалниот мијачки иконопис и импресионизмот, кој со магична моќ ги повлече новите сликарски генерации на периферните балкански академии. Тивко и без миноски врвици, тој го прифати импресионизмот така како што тој беше прифатен секаде вон Париз: #6цртачкото ткиво не направи концесии на боените односи, колоризмот никогаш триумфално не загосподари над другите елементи, не се расточи во флуидни воздушести намази што ги потиснуваат Предметите на видливиот свет. Пандилов не створи антитет меѓу цртачките и боените вредности; уште во првите дела ги смири двата елемента, за да воспостави рамнотежа меѓу рационалните и емотивните компоненти. Впрочем, Пандилов не можеше по секоја цена да го жртвува цртежот, не само затоа што беше извонреден цртач по природа; неговиот свет ликовно овоплотен меѓу 1925-1930 година, подоцна ненадминат, во својот основен акцент ја донесуваше човечката фигура.

„Димитар Пандилов“, Разгледи, Скопје, 1963

Авторповеќе автори
2018-08-21T17:22:08+00:00 октомври 1st, 1999|Categories: Осврти, Блесок бр. 10-11, Галерија|