на Матеја Матевски
Од ноќва натаму ќе расте денот,
а потоа и пролетта ќе ја подготвува тревата,
густа и зелена, за некого.
И еден бел коњ ќе вишти некаде во залезот
и ќе чека некого
за да отпатува неповратно таму
кај што престануваат сите значења
и на прелагите за некаква света должност
кон татковината и безброј други баналности…
О, Кавафис,
од денес натаму ќе нараснува денот,
а потоа и пролетта ќе ја подготвува тревата,
густа и зелена, за некого. Таму некаде
ќе си легнеме сами,
зашто ние на животот му подаривме
само нешто свое,
а на смртта – сè…