FROM THE CITY – solo exhibition

/, Gallery, Blesok no. 129/FROM THE CITY – solo exhibition

FROM THE CITY – solo exhibition

Простор 3

Славица Јанешлиева
Само нешто олку мало може да биде насекаде 2 – Во својата куќичка

цртеж со дрвени бои (41х100см), празни куќарки од полжав во стаклено ѕвоно (45х45х8см) и фотографија (45х45см); димензии менливи, 2019
детали (долу)

Славица Јанешлиева
Шахот како метафора за животот

цртеж со дрвени бои на хартија, две шаховски фигури, цртеж на стакло со контур паста и текст, 45х100х3см, 2019
детали (долу)


Шахот како метафора за животот

Прво го најдов белиот пион, а по неколку дена и вториот, ама црн. Не ги најдов во ист ден. Видов уште неколку шаховски фигури паднати/фрлени на улица, но од некоја причина не ги зедов.

Зошто наоѓам шаховски фигури?!

Чудно, но шахот како постојано да е присутен во мојот живот. Не сум некој играч. Порано играв повеќе, и тоа веројатно бидејќи татко ми сѐ уште активно играше шах, а јас сакав да научам, за да можам да му парирам. Ама не бев баш упорна.

Кога играм со бели фигури, знам само два начина на отворање. Всушност, може да почнеш на неколку начини, ама јас обично почнувам со d4 или со c4. Ви кажав дека најдов две шаховски фигури паднати/фрлени на улица?

Имам направено неколку дела со шах и шаховска игра, ама одамна размислувам за дело во врска со Боби Фишер. Ме фасцинираат неговата опседнатост со шахот и неговиот живот. Односно фактот дека со неговиот најголем успех, започнува неговиот крај (како шахист, мислам).
Гледајќи документарец за Фишер и трагајќи по симболика во врска со двете најдени шаховски фигури, се задржувам на шестата партија, од мечот за светски првак со Спаски. Фишер наместо вообичаеното отворање c4 (што го знам и јас како лаик) отвора со е4 и уште на самиот почеток го збунува Спаски, кој целата тактика ја подготвувал за вообичаеното отворање на Фишер. Спомнав дека најдов две шаховски фигури паднати/фрлени на улица?

„Шахот, како и животот, е игра на издржливост. Сите живи суштества, па и ние луѓето, сме во континуирана игра за преживување, сѐ додека не се соочиме со мат и играта не заврши. Тогаш шаховската табла се мести од почеток за да почне новата игра и така до бесконечност продолжува борбата за преживување.“ [1]

Ви кажав дека најдов две шаховски фигури паднати/фрлени на улица?


[1]Анонимен автор, објавува под псевдоним Лир. Chess like life is an existential game. All living creatures including us as kings are in a continuous game for survival until we’re checkmated and the game is over. The board is then cleared and a new game can start in a never ending cycle of struggles for survival.

Славица Јанешлиева
Комуникација
цртеж со дрвени бои на хартија, две шаховски фигури, цртеж на стакло со контур паста и текст, 45х100х3см., 2019
детали (долу)

AuthorSlavica Janešlieva
2019-12-27T12:12:05+00:00 December 18th, 2019|Categories: Exhibition, Gallery, Blesok no. 129|0 Comments