Не е важно дури и ако
стоиш на глава,
седи си сосем мирно дури
не се сториш
трепет во ветрецот
портокал во сонцето
дури не станеш едно со светот.
Соголи ги обвивките на душата
дури не го слушнеш гласот,
пушти го да гргори, да лудува, да жубори, да збори,
нека се крева полека ништејќи ја гравитацијата.
Отвори ја устата,
ослободи го како поток,
нека збивта при првиот свесен здив,
охрабрен од сопствениот животен наплив
тој ќе оживее.
Отпушти го, нека лебди
и нека се преметнува како змеј,
пак кај тебе ќе дојде
по некое време
со ново значење.
Протреси ја песната дури зборовите
не паднат во празниот простор,
дури Бог не ги собере в рака.
Создавај се и пресоздавај се повеќе пати,
песната си ти.