Пишувај песна како да налеваш чај

/, Блесок бр. 53/Пишувај песна како да налеваш чај

Пишувај песна како да налеваш чај

Клавиши
Kако да се напише песна
Мошне едноставно
Чај за двајца
Разбирање на цвеќето
3.

куќата е таа.
Уште недојдена населувавме
квадрати и правоаголници
кои се заоблија во мигот на нејзиното раѓање;
ѕидовите почнаа да се отвораат како цветови,
се ширеше нов мирис,
вратите се отвораа како пликови полни со пари,
скалилата станаа скалишта,
значењата се прошируваа,
куќата стана глобус што се врти околу себе,
со сонцето помеѓу нас; макар што се роди
среде зима, таа беше оган, огниште,
и пророк чие учење го осознавав преку
срцето што ми се ширеше; нема тука ништо црно,
нема иронија, ниту успокојување на цинизмот на овој век,

на свој начин ги гледам блаженствата на земјата.

Заминувањето од куќава би било заминување од нејзината историја,
како што времето нè раѓа прво од небото,
па од телото на нашите мајки,
па од телото на нашата татковина,
па од телото на земјата.

Слободни.

2018-08-21T17:21:18+00:00 април 14th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 53|