Од англискиот превод на А. Јелникар и С. Вотс: Елизабета Баковска
Доаѓа денот претскажан
за црниот крал и белата кралица.
Нека се отворат ширум портите :
на пладневното сонце ќе пливаат во базенот,
чувари на светот
што протекува низ каменот во книгите и очите,
во почетокот на мислите
ја дроби отсутната вечер.
Венециските мерки нема да ја уништат идилата
која ми доаѓа од сетилата.
Страв ми е за тебе, грабната Европо.
(На Франческо Роба, во црквата Св. Јаков, 1723–1733)