О, дрво пред мојот прозорец, исти сме денес,
Оти од пријател го бараш ова само:
Потпрено на стаклото, да гледаш во мене
И во сè што правам! Достатно рамо
За плачење си ми, кога не знам што со себе
И моите мали маки и гротескни грижи,
Потпрена на стаклото, да гледам во тебе,
Во ситните лисје ветрот што ги движи.