Несоница

Несоница

Несоница
Разговор
На едно дрво
Чудесно е што се будиме заедно…
Приспивна за мачката
Бензинска пумпа
Рибата
Заливот

Чудесно е што се будиме заедно
во ист миг; чудесно е што слушаме
како наеднаш почнува да врне по покривот,
како наеднаш воздухот станува чист
небаре минал електрицитет низ него
од некоја црна мрежа жици во небото.
Врз целиот покрив капките дожд роморат
а под него, нашите бакнежи леко мрморат.

Електрична луња доаѓа или си заминува;
боцкавиот воздух е тоа што нè буди прво.
Кога молња би ја погодила куќата, би поминала
од четирите сини порцелански топчиња на врвот
низ покривот надолу преку прачките околу нас,
а ние сонливо си замислуваме
како целиот наш дом фатен во кафез секавичен
би бил всушност прекрасен наместо стравичен;

и од таа поедноставена точка на гледање
на ноќта и лежењето на грб додека грми
сè би можело да се смени подеднакво лесно,
оти тука да нè предупредат мора да се овие црни
електрични жици што висат. Без изненадување
светот би можел да се смени во нешто многу поинакво,
ко што воздухот се менува или молња светнува без да трепнеме,
да се смени ко што бакнежите ни се менуваат без да се сепнеме.

АвторЕлизабет Бишоп
2018-08-21T17:21:18+00:00 април 14th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 53|