Секогаш биди искрен.
Мусаши
Ова добро проучи го:
бришењето е побрзо
отколку пишувањето.
Тоа е постаро.
Како молкот и гласот.
И заборавот и сеќавањето.
На почетокот беше лага.
И ако сè избришеш
благовремено.
Секоја изјава.
Секоја порака.
Тогаш дојди.
Без смртоносната вистина
Да те видам, драга.