И да се љуби е добро: зашто љубовта е тешка.
Рилке
Отсекогаш го привлекувале светици.
Потенцијални. Мистичарки, во најава.
Се сретна со девици, луди
и мудри. Анализираше сон;
во манастир.
Разговараше со проститутка, за тоа.
Левтерно им пристапи на студиите по книжевност.
Не се грижеше за големите тајни, за библиотеките.
Го набљудуваше дрвото на животот, во стихија.
Под одреден агол. За себе.
Не го положи испитот по романтизам:
падна на мотивот мртвата сакана.