Каде ли јас ќе појдам, кога ќе заминам од Рим?
Црњански
Во шпански бар. На шанк.
Можеби ќе сфатиш:
мораш да тргнеш.
Да се мрдаш.
Што подалеку.
После сето загубено.
По малку збунет-загубен.
(Но добро загреан.)
Зашто сето тоа:
тие врски-сувенири.
Драг мој Р.
(Исчекување на гостин, на пр.)
Догоруваат.
Во друг некој бар.
Во соба-кревет.
Во црна темница.