Препев од англиски: Никола Маџиров
По патот од незнајното место
мојата жена скина цвеќе.
Над нас
висеше небото
а долу на тлото –
безброј камчиња.
По патот кон незнајното место
мојата жена скина цвеќе.
Еднаш се изгубивме, потем се најдовме
пред гробиштата
на брегот од една река.
Никој ниту нè повика
ниту нè протера,
само ги следевме малите
бледникаво жолти стрелки
исцртани насекаде околу нас.
Не ги спознаваме сторените гревови
ниту спасението.
Во темната сенка на лелеавите лисја од нашите срца,
веднејќи се до дното на тишината,
мојата жена скина цвеќе.