Етела Фаркашова

/Етела Фаркашова
Етела Фаркашова 2022-08-29T02:37:15+00:00

Project Description

Етела Фаркашова (1943) е позната словачка филозофка, универзитетска професорка во пензија. Прозаистка, есеистка, поетеса, членка на Друштвото на словачки писатели, на Словачкиот ПЕН центар и на Австриското друштво на писатели. Издала повеќе од триесет книги. Нејзини дела се преведувани и објавувани на германски, англиски, руски, чешки, полски, бугарски, српски, јапонски, арапски, хинди и други јазици. Застапена е во бројни домашни и странски антологии. За своето творештво освоила повеќе значајни домашни и меѓународни награди. За својот роман Сценарио ја освои престижната словачка книжевна награда Анасофт литера за 2018 година. Нејзин најнов и поеднакво успешен роман е Часови по летање (2019). За прв пат ја преведуваме и на македонски јазик.

Related Articles