Project Description
Ристо Лазаров е роден на 3 октомври 1949 година во Штип. Завршил југословенска книжевност со македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје. Работи како новинар. Добитник е на повеќе награди и признанија. Објавил и повеќе препеви, како и критики и есеи. Претседател на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ.
Книги поезија: Ноќна птица во паркот (1972), Јана (1980), Грозен кикот (1983), Капки кисела вистина (1985), Лет(о) преку океанот (1988), Горјан во Дорјан (1988), Одрони, избор (1988), Точка на вриење (1990), Од Битола појдов (1993), Одвајнадежна (1993), Силјан Штркот уште еднаш ја облетува Македонија (1995), Siljan the Stork Flies Over Macedonia Once Again (на англиски, 1996), История болезни (на руски, 1996), Јаве, избор (1998), Херакле (1998), Колумбо (2000), Тројца за преферанс (2001), Одмолчена (2003), Ненадејна (2005), Чехопек (2006, 2007), Силян Щърка още веднъж лети над Македония (на бугарски, 2006), Е Beftë (на албански, 2006), Heraklej (на словенечки, 2006), Čechovabeni (на чешки, 2007), Среде (2008).
Автор е на публицистичките книги: Прво лице еднина (интервјуа) и Лист по лист.
Добитник на наградите на РТВ Скопје на СВП, „Браќа Миладиновци“, „13 Ноември“, Прва награда за песни на „Празник на липите 2000“ на ДПМ, „Млад борец“, „Осми Ноември“, „Мито Хаџивасилев – Јасмин“.