Project Description
Бариш Мустџаплолу е роден во Истанбул, 1977. По завршувањето на студиите по градежништво на Босфорскиот универзитет, работел како специјалист за човечки ресурси. Неговите раскази за млади и книжевните осврти се објавени во неколку значајни турски списанија. Во 1995-та, за кус расказ ја добива наградата на Фондацијата Истек.
Неговата прва книга од тетралогијата Легендите за Перг е Страшливецот и Ѕверот, објавена во 2002 г. Следуваат Тајната на Мердеран (2002), Мочуришта (2004), и Азбуката на боговите (2005). По тетралогијата Легендите за Перг, Мустџаплолу ги објавува романите Апостол (2005) и Братска крв (2006). Книгите му се преведувани на полски и на бугарски. Во 2009-та ја објавил книгата Прекрасни соништа, по теми од цртежите на шаманскиот сликар Мухамед од Црно Перо кој живеел во XIV век.
www.barismustecaplioglu.com